домаМакедонијаНово чудо на животот во Венецуела: Осум дена по земјотресот, ноќен чувар...

Ново чудо на животот во Венецуела: Осум дена по земјотресот, ноќен чувар е извлечен жив од под урнатините

- Advertisement -spot_img

Ернан Алберто Гил Флорес, кој работел како ноќен чувар, беше безбедно извлечен откако беше заробен под урнатините во подрумот на трговскиот центар „Галеријас Плаја Гранде“ во крајбрежниот град Ла Гваира од 24 јуни, а спасувачите првпат стапија во контакт со него во саботата, пренесе „Танјуг“.

Венецуела беше погодена од два силни, последователни земјотреси со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала на 24 јуни, со разлика од 39 секунди, при што крајбрежната држава Ла Гваира и главниот град Каракас беа најтешко погодени.

На 27 јуни, новороденче беше спасено од зграда што се урна во земјотресот.

Бројот на жртви од двата земјотреси што ја погодија Венецуела минатата недела се искачи на 2.295, изјави вчера претседателот на Националното собрание на Венецуела, Хорхе Родригез.

Родригез во обраќање на државната телевизија изјави дека досега во земјотресите се повредени 11.267 лица, а дека 6.461 лице е спасено, пишува „Паис“.

Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, прогласи седумдневна национална жалост за жртвите од земјотресот, почнувајќи од оваа среда, според еден шпански весник.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img