Природниот прираст во Македонија е негативен и во градските и во селски средини, односно има повеќе умрени од новородени, објави Државниот завод за статистика. Па така, лани во државата се родиле 15.850 а починале 20.287 лица.
Или бројот на новородени е помал за 4.437 на ниво на држава при што разликата е поголема во градските отколку во селските средини.
Расте и бројот на разведени па така лани имало 2.185 разводи за разлика од 2020 година, кога имало 1.569. Паралелно се намалува бројот на склучени бракови, па така лани имало 10.507 додека во 2021 година имало 13.337.








