Повеќе лица загинаа, а голем број се повредени во пожарот што во средата изби во станбена зграда во Антверпен, соопшти белгиската полиција.
Ватрата избила на осмиот кат од зградата во четвртот Линкеровер, во која живеат повеќе од 200 луѓе. Полицијата наведе дека од објектот се ширел густ чад, додека итните служби почнале евакуација на десеткатницата.
На жителите во околината им е упатено предупредување да ги држат затворени прозорците и вратите, а по потреба и да ги исклучат вентилационите уреди поради големата количина чад во воздухот.
Засега не е соопштен точниот број на загинати и повредени, ниту пак се објавени детали за причината за пожарот. Акцијата за евакуација и интервенцијата на службите беа во тек по избувнувањето на огнот.








