домаМакедонијаПожар на дива депонија во Шуто Оризари, во тек е интервенција на...

Пожар на дива депонија во Шуто Оризари, во тек е интервенција на пожарникарите

- Advertisement -spot_img

Пожар утринава избувна на дива депонија во скопската населба Шуто Оризари, а екипи на Бригадата за противпожарна заштита интервенираат на терен.

Од Министерството за внатрешни работи за МИА потврдија дека пријавата за пожарот е примена денеска во 7 часот.

„Денеска во 07:00 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје е пријавено дека во населбата Шуто Оризари гори дива депонија. Бригадата за противпожарна заштита презема мерки за гасење на пожарот“, соопштија од МВР.

Засега нема информации за евентуално повредени лица или за причините за избувнувањето на пожарот. Надлежните служби се на терен и работат на негово локализирање.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img