домаМакедонијаВЛЕН: Заштитата на младите е приоритет – казината подалеку од децата

ВЛЕН: Заштитата на младите е приоритет – казината подалеку од децата

- Advertisement -spot_img

Собранието го усвои новиот Закон за игри на среќа, со кој се воведуваат значајни ограничувања за работењето на казината и објектите за игри на среќа, со цел, како што наведуваат од ВЛЕН, заштита на младите и семејствата.

Со законските измени се предвидува казината и објектите за игри на среќа да бидат оддалечени најмалку 500 метри од образовните институции. Дополнително се воведуваат построги лиценцни услови, засилен надзор врз работењето и построга контрола на рекламирањето во овој сектор.

Од ВЛЕН посочуваат дека овој закон претставува јасен политички избор за тоа какво општество се гради – со поголема заштита на децата и младите, наместо проширување на индустријата на игри на среќа во близина на училиштата.

Според нив, со новите правила се намалува ризикот од зависност од коцкање и се воспоставува поголем ред и контрола во секторот, кој со години беше предмет на критики за недоволна регулација.

„Одлуката е доказ дека со политичка волја може да се направат суштински промени“, порачуваат од коалицијата, додавајќи дека фокусот останува на инвестиции во образование и поддршка на младите.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img