Собранието на акционери на Градски трговски центар го усвои извештајот од работењето за 2025 година во која беше прокнижена уште една загуба на симболот на главниот град.
Во извештајот стои дека вкупните приходи за 2025 година изнесуваат 268.929.218 денари, а расходите 287.310.316,50 денари. И покрај зголемувањето на приходите од 120 илјади евра, ГТЦ ја завршил годината со загуба која изнесува 18.281.098,50 денари пред оданочување или 300.000 евра. Оваа загуба е сепак помала за 100.000 евра во однос на 2024 година.
„Отежнатата наплата на побарувањата, ја загрозува ликвидноста на Друштвото. Поради ова, принудени сме со остатокот од средствата да превземеме само основни активности за одржуване и вложување реконструкции на застарените инсталации, опрема и мали градежни работи за реновирање на објектот. Поради неатрактивните локации на нашите не издадени деловни објекти, и покрај повеќекратното огласување нема заинтересираност за закуп“, е објаснувањето на менаџментот за работењето на Градски трговски центар.
Приходите по основ, закуп на деловен простор, магацини и тераси бележат зголемување за 8%. Приходот од наем на простор за реклами е зголемен во однос на предходната година, приходот од комуналии и тековно одржување е намален за 3%, а приходот од паркиралиште е зголемен за 26%.
Во однос на вкупните приходи, најголемо учество од 73% имаат „приходите од услуги (комуналии и тековно)“ со 184.780.076.50 денари. Приходите од закупнина за деловен простор, магацини и тераси, изнесуваат 25.377.999.50 денари и во однос на вкупните приходи учествуваат со скоро 9%.
„Приходот реализиран од издавање под закуп на деловен простор, како основна дејност на ГТЦ А.Д. Скопје, сметаме дека треба да завземе поголемо учество во вкупниот приход, меѓутон факт е дека со продажбата на дел од деловниот простор и тоа најатрактивниот, се намали основниот извор за остварување на приходи. Во текот на 2025 година објавени се повеќе лицитации за издавање на деловен простор, па се надеваме дека наредната година, приходот по овој основ не биде во граници на планираното“, додаваат од ГТЦ.
Приходите од паркиралиште изнесуваат 42.050.273.50 денари или 700.000 евра и бележат значително зголемување од 26% во однос на минатата година.
Приходите од закуп на простор за реклами изнесува 3.887.952.00 денари кои се зголемени за 2% во однос на минатата година.
Во тековната 2025 година направени се трошоци во износ од 287.310.316.50 денари. За 39% се намалени трошоците за материјали, додека трошокот за потрошена енергија изнесувал 77 милиони денари. Овој трошок бележи висок процент на учество во однос на вкупните трошоци од работењето од 27%, и во однос на претходната година е намален за 3%.
На име плати и придонеси за вработените пресметани се и исплатени 120.638.733,00 денари или околи 2 милиони евра и во вкупните трошоци, овој трошок учествува со скоро 42%.
Во однос на претходната година оваа ставка е зголемена. Износите исплатени по Колективен договор (отпремнина за пензија, помош на вработените во случај на смрт во семејството, регрес и др. надоместоци) изнесуваат 6.580 498.00 ден, и бележат зголемување во однос на минатата година од 15%.
Покрај регресот се исплатиле и отпремнини за пензионирање: Трошоците по основ на исплатени надоместоци за управен одбор изнесуваат 986.652.00 денари или 16.000 евра.
„Во текот на досегашното наше работенье, а и оваа година секојдневно се судираме со низа меразрешени проблеми од минати години, покрај другото и тужби и судски решенија 30 неразрешени имотно правни односи, барања за корекција на квадратура, намалување на долговите по разни основи, корисници на услуги-големи должници отидени под стечај или ликвидација, неликвидни блокирани сметки“, се додава во извештајот.
Угостителско-туристичкиот менаџер Никола Соколовски од ноември 2024 година е назначен за нов извршен директор на акционерското друштво. Истовремено променет е комплетно целиот Управен одбор на шопинг центарот, а сега има седум наместо претходните шест членови. Покрај Соколовски, членуваат уште и Ферик Белули, Јован Лукаров, Катица Грче, Виолета Блажевска, Васе Ангеловски и Александар Тасев.
https://fokus.mk/gtts-rabotel-so-zaguba-od-300-000-evra-za-2025-potroshil-2-milioni-evra-za-plati/








