домаМакедонијаВЛЕН: Од ветувања до резултати – две години посветена работа во интерес...

ВЛЕН: Од ветувања до резултати – две години посветена работа во интерес на граѓаните

- Advertisement -spot_img

ВЛЕН одбележа 24 месеци учество во Владата под мотото „Транспарентност и отчетност“, истакнувајќи дека изминатите две години се обележани со конкретни реформи, реализирани проекти и политики насочени кон подобрување на животот на граѓаните.

Од ВЛЕН велат дека пред две години ја презеле одговорноста да ја вратат довербата на граѓаните во политиката преку работа, а не преку празни ветувања. Според нив, во изминатиот период биле реализирани реформи и проекти кои со години останувале само на хартија.

Во соопштението се наведува дека се донесени закони од стратешко значење, реализирани се инвестиции во општините со мнозинско албанско население, а обезбедена е поддршка за економијата, образованието, здравството, земјоделството и локалниот развој. Посочуваат и дека инфраструктурните проекти веќе носат видливи промени на терен.

Од ВЛЕН нагласуваат дека значаен дел од нивното владеење е и унапредувањето на застапеноста и улогата на Албанците во државните институции, како и зајакнувањето на нивниот глас во процесите на донесување одлуки.

„Билансот од овие две години покажува дека промените не се градат со реторика, туку со работа, одговорност и конкретни резултати. Тоа е стандардот што ВЛЕН го воспостави во владеењето“, наведуваат од партијата.

Од ВЛЕН порачуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со истата насока – со поголема одговорност, поголема ефикасност и повеќе резултати во интерес на сите граѓани.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img