домаМакедонијаИрска нов претседавач со ЕУ – Во програмата за работа, следни за...

Ирска нов претседавач со ЕУ – Во програмата за работа, следни за прием се Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија – Македонија ја нема

- Advertisement -spot_img

Ирска од 1ви јули застанува на чело на ЕУ – во фокусот на проширувањето се Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија, Македонија ја нема. Официјален Даблин за неколку дена ја презема палката за претседавање со Унијата , а следните 6 месеци ги подели на 3 столба – „за конкурентноста“, „за вредностите“ и „за безбедноста“.

Во програмата стои дека Ирска е амбициозна за ново проширување и има цел да го подготви теренот на ЕУ за нови членки.

Ирско претседателство на ЕУ, програма : Ирското претседателство ќе соработува тесно со сите земји кандидати и потенцијални кандидати за да ги поддржи на нивниот пат кон членство во ЕУ, во согласност со процесот базиран на заслуги. Ирското претседателство ќе даде приоритет на завршувањето на пристапните преговори со Црна Гора и ќе го унапреди изготвувањето на Договорот за пристапување на Црна Гора. Ќе се стремиме да постигнеме брз напредок во преговорите со Украина и Молдавија, како и со Албанија. Исто така, го забележуваме планираниот референдум во Исланд.

Во тн. втор столб – „ за вредностите“ потенцирани се владеењето на правото и човековите права , вклучително и малцинствата, а официјален Даблин се повикува на членот 2 од Договорот за ЕУ.

Ирско претседателство на ЕУ, програма : Нашата Унија е заснована на вредностите на почитување на човековото достоинство, слобода, демократија, еднаквост, владеење на правото и почитување на човековите права, вклучувајќи ги и правата на лицата кои припаѓаат на малцинства, како што е одразено во Член 2 од Договорот за Европската Унија. Нашите заеднички вредности, вклучувајќи ги и оние содржани во Повелбата на ОН и Универзалната декларација за човекови права, се темелот што ја прави Европа добро место за живот и работа, и тие ја поткрепуваат нашата конкурентност и нашата безбедност.

Во меѓувреме, бриселски „Политико“ открива дека ЕУ подготвува нов план – земјите-кандидатки да добијат дел од бенефициите од членството пред влезот во ЕУ, но без политички права. Според двајца функционери на ЕУ, тоа е дел од стратегијата на Комисијата за „постепена интеграција“.

„Политико“: Придобивките што се дискутираат вклучуваат пристап до некои програми за финансирање на ЕУ, повластени трговски аранжмани и делумен пристап до единствениот пазар пред пристапувањето, при што точниот пакет треба да се прилагоди на напредокот на секоја земја кандидат.

Бриселскиот портал, вели дека Комисијата ќе бара поддршка од земјите -членки за иницијативата, а лидерите се очекува да ја разгледаат во октомври. Германскиот канцелар Мерц сакал да ја отвори темата и на последниот самит, но таа не стигнала на дневен ред. Велат дека ЕУ се обидува да ја надомести „изгубената деценија“ во проширувањето, но и да го зачува принципот дека без реформи нема членство.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img