Македонија е најевтина земја во Европа според најновите податоци на Евростат. Но, иако цените се најниски, тоа не значи и повисок животен стандард, бидејќи економистите нагласуваат дека ниските цени најчесто се поврзани со пониски приходи.
Според податоците, индексот на потрошувачки цени во Македонија изнесува 49,7. Тоа значи дека производите и услугите кои во Европската Унија просечно чинат 100 евра, во Македонија чинат околу 50 евра.
По Македонија се наоѓаат Турција, Босна и Херцеговина, Романија, Бугарија и Србија, кои исто така имаат пониски цени од просекот на Европската Унија.
Иако ова ја позиционира земјата како најевтина во Европа, експертите предупредуваат дека реалната слика за животниот стандард може да се добие само ако се споредуваат и цените и платите, односно куповната моќ на граѓаните.








