домаМакедонијаПаркот кај Могилата во своето најубаво издание – „Комуналец“ со апел: Чисто...

Паркот кај Могилата во своето најубаво издание – „Комуналец“ со апел: Чисто е убаво!

- Advertisement -spot_img

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп упати апел до граѓаните да продолжат да се грижат за чистотата и убавината на паркот кај Могилата на непобедените, истакнувајќи дека овој зелен простор секојдневно им нуди пријатна атмосфера за одмор, рекреација и спорт.

Според објавата на претпријатието, паркот во саботното утро ги пречекува посетителите со чисти патеки, мирис на свежо искосена трева, жубор на гејзерите и звукот на прскалките за полевање. Во функција се детското игралиште, трим-патеките и реновираните спортски терени, додека комуналните работници се грижат за неговото секојдневно одржување.

Во попладневните часови, паркот добива уште пожива атмосфера. Голем број прилепчани ги користат ладовината, уредените зелени површини и спортските содржини на парк-шумата, која се простира на околу 28 илјади квадратни метри.

Од ЈКП „Комуналец“ потсетуваат дека зачувувањето на оваа природна убавина е заедничка одговорност на сите граѓани.

„Да ја чуваме чиста оваа убавина, природно од Господ дарена и создавана од човечка рака. Чисто е убаво!“, порачуваат од претпријатието.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img