домаМакедонијаТони не бара чудо, бара шанса: Потребна е итна поддршка за операција...

Тони не бара чудо, бара шанса: Потребна е итна поддршка за операција на мозок закажана за 29-ти овој месец

- Advertisement -spot_img

Тони Ташев од Велес, роден 1975 година, се соочува со сериозна здравствена состојба и има потреба од итна оперативна интервенција. Од 2018 година тој води борба со Oligodendroglioma frontoparietalis, тумор на мозок, поради што претходно бил подложен на операција, зрачење и хемотерапија.

На последните лекарски контроли е утврден рецидив на болеста, со прогресија, едем, слабост, губење на рамнотежа и други здравствени последици. Според лекарските препораки, потребна е операција која е закажана за 29-ти овој месец, односно за 4 дена, во приватната болница Аџибадем Систина.

Оперативната интервенција чини над 10.000 евра, сума што Тони и неговото семејство не се во можност самостојно да ја обезбедат. Поради тоа, преку платформата Ecrowd Medical е отворена хуманитарна кампања под мотото „Тони не бара чудо, бара шанса!“, со цел да се соберат потребните средства за негово лекување.

Целта на кампањата е да се соберат 650.000 денари, а досега се донирани 253.014 денари, односно 38% од потребната сума. Со оглед на тоа што операцијата е закажана за неколку дена, потребна е брза реакција и поддршка од сите граѓани, компании и организации кои се во можност да помогнат.

Сите кои сакаат да донираат можат да ја поддржат кампањата преку платформата Ecrowd Medical, во категоријата Здравје.

Секоја донација, без разлика на висината, претставува значајна поддршка за Тони и неговото семејство во оваа здравствена борба.

Да му помогнеме на Тони да ја добие шансата што му е потребна.

Сите заинтересирани може да помогнат ТУКА

https://ecrowd.mk/projects/adadf669-c0c5-4539-b603-9113fbb2645b?fbclid=IwdGRjcASksFxvbWNwBKP0zGZ0c2gEo8_JZXh0bgNhZW0CMTEAc3J0YwZhcHBfaWQKNjYyODU2ODM3OQABHiJECjWRh8ILDI-K2GRnI7WdkltGpyPZK9wVTO3ILpFxYMj6HRtTp_z4m4BU_aem_vvZ_d5ibvyfSByc_M6JMSQ

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img