домаТехнологијаNothing го претстави дизајнот на Phone (4b)

Nothing го претстави дизајнот на Phone (4b)

- Advertisement -spot_img
Иако претстојниот Phone (4b) го задржува дизајнерскиот потпис на Nothing, тој во споредба со останатите модели на компанијата е нешто „помирен“.

Nothing во видео на X го претстави дизајнот на својот претстоен телефон, Phone (4b), кој ќе биде претставен на 7 јули како нов смартфон од средна класа на компанијата.

Прикажаниот модел доаѓа во светло сина боја и го задржува препознатливиот дизајнерски потпис на Nothing, но со нешто „помирен“ изглед. На задната страна се наоѓа голем правоаголен модул со двојна камера, покрај кој е поставена вертикална LED светлосна лента, слична на онаа кај моделот Phone (4a). До неа има и посебен изрез во кој се сместени LED блицот и сензорот за автоматски фокус.

Модулот на камерата има текстурирана завршница, додека сите физички копчиња се изведени во црна боја, што дополнително ги истакнува во однос на остатокот од куќиштето. На предната страна уредот доаѓа со дисплеј со отвор за селфи камерата во средината на горниот дел. Рамките околу екранот не се особено тенки, а долната е значително подебела од останатите три.

Иако сè уште не е официјално потврдено, Phone (4b) најверојатно ќе го придвижува Qualcomm Snapdragon 6 Gen 4.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img