домаМакедонијаПрилеп добива поурбано лице: За седум дена изградено ново еколошко острово

Прилеп добива поурбано лице: За седум дена изградено ново еколошко острово

- Advertisement -spot_img

Станарите од зградите на улицата „Васко Карангелески“ бр.125, кај касарната во Прилеп, со сопствена иницијатива и креативна идеја го разубавија просторот пред нивната зграда и овозможија организирано контејнерско собирање на отпадот.

Откако беа информирани дека отпадот повеќе нема да се одлага на досегашниот пункт пред мостот, кој со години претставуваше место за фрлање на секаков вид отпад од несовесни граѓани, станарите ја прифатија идејата за поставување посебни контејнери за мешан комунален отпад и за селекција на отпад.

Иако имало одреден револт кај дел од жителите од околните згради, станарите од оваа зграда се самоорганизирале и за помалку од една седмица создале уредено еколошко острово кое денес го краси платото пред нивниот влез.

Од ЈКП „Комуналец“ Прилеп упатија пофалби за нивната иницијатива, истакнувајќи дека ваквите примери покажуваат како со заедничка грижа и одговорност може да се создаде почиста и поубава животна средина.

„Секоја чест господа“, порачаа од претпријатието.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img