домаМакедонија16-годишно девојче од Штип следено додека шетало покрај Брегалница, па сексуално вознемирувано

16-годишно девојче од Штип следено додека шетало покрај Брегалница, па сексуално вознемирувано

- Advertisement -spot_img

Обвинителството отвори истрага против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило други полови дејствија врз 16-годишно девојче.

На 18 јуни, додека жртвата се движела по пешачката патека покрај реката Брегалница во Штип, осомничениот започнал да ја следи. Девојчето, чувствувајќи се непријатно, седнало на клупа, очекувајќи дека тој ќе продолжи да се движи. Но осомничениот седнал до неа и започнал да ја вознемирува и принудува на други полови дејствија. Оштетената исплашена го оттурнала од себе и избегала“, соопшти Обвинителството.

Поради опасност од бегство, оправдан страв дека осомничениот ќе ги сокрие или уништи трагите на кривичното дело и дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз оштетената или дека ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img