домаМакедонијаТешка сообраќајка кај Белви: Се судриле три автомобили и автобус, тројца однесени...

Тешка сообраќајка кај Белви: Се судриле три автомобили и автобус, тројца однесени во болница

- Advertisement -spot_img

Тешка сообраќајна несреќа се случила утринава кај Белви, каде што, според првичните информации на „Скопје1“, се судриле три автомобили и автобус.

На местото интервенирала екипа на Брзата помош, која укажала помош на тројца повредени, по што тие биле пренесени во болница.

Од силината на ударот, едно од возилата се свртело и удрило во заштитната ограда покрај патот.

На коловозот се расфрлани и делови од возилата кои учествувале во несреќата.

Засега нема информации за степенот на повредите на лицата кои се пренесени во болница, ниту за причините што довеле до судирот.

Се очекуваат повеќе информации од МВР по увидот. објави Скопје1.мк

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img