Полициски службеници од Одделението за увид на сообраќајни незгоди го пронајдоа возилото и го идентификуваа возачот кој синоќа удри во детски велосипед управуван од тригодишно девојче и тешко го повреди.
Станува збор за патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од Џ.Б.(19) од скопското село Добрино.
Над возилото е извршен преглед и фотографирање, а со возачот е извршен службен разговор.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Сообраќајната несреќа се случи вчера околу 19.00 часот во с. Визбегово, скопско.По несреќата возачот избега.








