домаХроникаТетовка пријавила дека од сметката ѝ биле направени повеќе неовластени трансакции од...

Тетовка пријавила дека од сметката ѝ биле направени повеќе неовластени трансакции од над 80.000 денари

- Advertisement -spot_img

50-годишна жена од Тетово пријавила злоупотреба на нејзината платежна картичка, откако утврдила дека од нејзината трансакциска сметка биле извршени повеќе неовластени трансакции.

Како што информираат од СВР Тетово, 50-годишната тетовка вчера во 14:00 часот го пријавила случајот во полиција, при што навела дека во текот на мај годинава, преку мобилното банкарство забележала недостиг на средства на својата сметка, но поради подолго боледување не била во можност веднаш да го провери случајот во банката.

Претходниот ден, откако подигнала банкарски извештај, констатирала дека во периодот од 23 мај 2025 до 12 мај 2026 година биле реализирани повеќе неовластени трансакции, при што била оштетена за околу 80.273 денари.

Како што пријавила, платежната картичка и податоците од неа никогаш не ги споделила со други лица.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на сторителите.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img