Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет на состанокот на НАТО изјави дека европските сојузници мораат да преземат водечка улога во одбрана на континентот и да помогнат во трансформација на Алијансата.
Тој побара „ресетирање“ на организацијата во „НАТО 3.0“, способна за одвраќање на каква било закана.
– НАТО 3.0 е признание по Студената војна дека НАТО мора повторно да стане вистински, цврст воен сојуз со вистински воени капацитети што можат да ги одвратат заканите овде на континентот и да ја преземат водечката улога во конвенционалната одбрана на Европа, наведе Хегсет.
Тој најави и дека САД следната година планираат да инвестираат 1,5 трилиони долари во сопствена одбрана, за да испратат „порака до светот“ дека Америка гради „арсенал на слободата“.
– Арсеналот прво и најважно ќе ја штити Америка и американските интереси, но исто така ќе ја поддржува силата на НАТО и нашите сојузници, посочи Хегсет.








