домаСпортМакедонскиот каратист Вукашин Јовановиќ е светски универзитетски првак

Македонскиот каратист Вукашин Јовановиќ е светски универзитетски првак

- Advertisement -spot_img

Вукашин Јовановиќ донесе злато за Македонија на Светското универзитетско првенство во боречки спортови во карате во Бразилија, Бразил.

Во категоријата -67 кг., нашиот натпреварувач во борбата за златниот медал триумфираше против Белгиецот Амин Абделмалки со резултат 2:2 (3:2) по судиско изјаснување.

Претходно во групата А запиша победи над Мартин Густаво Асерето Коротеа од Чиле, Сирапат Чумвонг од Тајланд и Хосеиф Вафа од Иран.

Јовановиќ во четвртфиналето со 8:0 го совлада Заморан Кабељо Шоте, а во полуфиналето со 8:4 триумфираше повторно над Иранецот Вафа.

Ова беше четврти медал за нашата земја на Светското универзитеско првенство, претходно Стефан Стојановиќ дојде до бронзата во категоријата над 84 кг., потоа машката кумите репрезентација се закити со среброто, а бронза има женската кумите репрезентација.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img