Македонскиот голман Антони Столевски и во следната сезона ќе го брани голот на Шкендија Арачиново. Кклубот официјално потврди дека е постигнат договор за продолжување на соработката на уште една година.
Столевски беше еден од најважните играчи на тимот во изминатата сезона, особено во баражот за место во ПМФЛ. Од Шкендија Арачиново истакнаа дека искусниот чувар на мрежата останува важен дел од проектот и во новата натпреварувачка година.
„Неговото искуство, професионализам и посветеност на и надвор од теренот се голема гаранција за предизвиците кои нѐ очекуваат во домашната елита“, порачаа од клубот.
24-годишниот голман е роден во Прилеп и низ кариерата настапуваше за Победа, Велешта, Караорман, Кожуф и Слога Виница, а пролетната полусезона ја мина во Шкендија Арачиново. Во клубот бргу се наметна како како прв избор меѓу стативите.








