домаХроникаЦУ: По разузнавачки информации пронајдена е дрога во поштенски пратки – кривична...

ЦУ: По разузнавачки информации пронајдена е дрога во поштенски пратки – кривична заработи американски државјанин

- Advertisement -spot_img

Американски државјанин се обидел да внесе дрога во Македонија на прилично необичен начин – скриена во поштенски пратки со ДВД-ja и ЦД=a, испратени од Франција. Наместо филмови и музика, во пакетите цариниците пронашле кокаин, метамфетамин и синтетичка дрога.

Кога четирите пратки пристигнале во Царинската испостава Пошти, службениците се посомневале дека во нив има нешто повеќе од вообичаена поштенска содржина, по што започнала детална контрола.

„По пристигнување на пратките во ЦИ Пошти, наменети за лицето Ј.Е., царинските службеници извршија контрола со скенер за поштенски пратки, при што е детектирана сомнителна содржина. Повикан е мобилен царински тим и царинско куче, коишто преземаа соодветни дејствија, при што по тестирање на содржината со специјална опрема е утврдено дека во четирите пратки се наоѓа наркотична дрога, и тоа метамфетамин со тежина од 12,5 грама, МДМА со вкупна тежина од 20 грама и кокаин со тежина од 8 грама.“

По откривањето на дрогата, случајот го презеле инспекторите од Одделението за истраги. По наредба на јавен обвинител, организирано било контролирано примопредавање на пратките, при што Американецот бил приведен токму во моментот кога дошол да ги подигне пакетите. Следувал претрес и во домот каде што живеел заедно со сопругата.

Таму биле пронајдени уште две стаклени шишенца со зелена растителна материја со силен мирис, две стаклени лулиња за консумирање марихуана, како и 33 ампули тестостерон. Запленетата дрога е испратена на вештачење, а против американскиот државјанин ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното јавно обвинителство.

Обидот дрогата да влезе во земјава маскирана како обична поштенска пратка заврши уште во поштенскиот центар, каде што скенерите, царинското куче и инспекторите покажаа дека и најдобро сокриената содржина тешко останува тајна.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img