домаМакедонијаМеџити: „Ринија“ е доказ дека младите можат да ја менуваат заедницата на...

Меџити: „Ринија“ е доказ дека младите можат да ја менуваат заедницата на подобро

- Advertisement -spot_img

Паркот „Ринија“ денес го потврди вистинското значење на своето име, претворајќи се во место исполнето со насмевки, музика и позитивна енергија, истакна градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на ВЛЕН, Изет Меџити.

Во пријатна и топла атмосфера, млади музичари настапија пред жителите на населбата, додека децата, семејствата и останатите посетители уживаа во посебна вечер исполнета со живост, креативност и чувство на заедништво.

„Под светлата на паркот се создаде прекрасен момент што покажа дека јавните простори го добиваат своето вистинско значење кога се исполнети со живот и луѓе“, порача Меџити.

Тој нагласи дека Паркот „Ринија“, кој е развиен благодарение на ангажманот на жителите од населбата, поддршката од Општина Чаир и придонесот на приватниот сектор, денес претставува успешен пример за соработка што носи позитивни промени и го подобрува квалитетот на живот на граѓаните.

Според Меџити, ваквиот модел на партнерство меѓу граѓаните, институциите и бизнис-заедницата треба да биде поттик и инспирација и за другите населби да покренат слични иницијативи, создавајќи повеќе живи, безбедни и функционални јавни простори.

„Кога општеството се обединува, се создаваат простори кои не се само паркови, туку места каде што се раѓаат спомени, се развиваат таленти и се зајакнува чувството на припадност“, истакна Меџити.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img