Утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²) и услови за невреме со ретка појава на град, соопшти УХМР.
Ќе дува засилен, долж Повардарието повремено силен ветер од северeн правец (над 60 km/h), а дневната температура ќе опадне од 6 до 9 степени.
Потоа времето ќе биде стабилно, во деновите од викендот посвежо, особено наутро, а од понеделник температурите повторно ќе бидат во пораст.








