Insta360 Luna Ultra користи Leica оптика, двојна камера и отстранлив екран за далечинска контрола на снимањето
Компанијата Insta360 официјално ја претстави Luna Ultra, својата нова премиум gimbal камера развиена во соработка со брендот Leica. Новиот модел е наменет за креатори на содржини, влогери и корисници на кои им е потребна пофлексибилна камера за патувања, секојдневно снимање и посериозна видео продукција.
Главната карактеристика на Luna Ultra е двојниот систем на објективи. Уредот користи главен Leica 1-инчен 8K објектив, дополнет со 1/1,3-инчен супер телефото објектив. Камерата поддржува зумирање до 12 пати, што овозможува полесно кадрирање на оддалечени сцени, патописни содржини и ситуации во кои корисникот не може физички да се приближи до објектот што го снима.

Insta360 Luna Ultra со отстранлив OLED екран
Една од најинтересните новини е 2-инчниот OLED екран кој може да се одвои од куќиштето и да се користи како далечински управувач со безжичен пренос на слика. Тоа значи дека корисникот може да ја постави камерата на едно место, а кадарот да го следи и контролира од дистанца, без постојано да се приближува до уредот. Ваквото решение нуди поголема слобода при снимање од необични агли, работа пред камера и покреативни влог сцени.
Insta360 исто така го истакнува првиот модул за следење на движењата на главата од перспектива во прво лице, што треба да овозможи поприродни и поубедливи снимки од субјективен агол. Во комбинација со gimbal стабилизацијата, Luna Ultra е замислена како камера која ја намалува потребата од дополнителна опрема, а истовремено ги проширува можностите за кадрирање.
Во внатрешноста на уредот се наоѓа AI систем со три чипови, кој комбинира премиум Qualcomm процесор и два професионални процесори за обработка на слика. Ваквата конфигурација треба да овозможи подобра обработка на ноќни снимки, намалување на шумот и извлекување повеќе детали од кадарот. Камерата поддржува и директен излез на 4K видео со ефект за разубавување на лицето, при што се задржува поприроден изглед на кожата.
Стандардниот пакет на Luna Ultra чини приближно од 650 до 700 евра, додека Creator пакетот има препорачана цена од околу 850 евра.

Luna Ultra не е обична акциона камера, туку обид во еден уред да се обединат gimbal стабилизација, Leica оптика, голем сензор, телефото можности, AI обработка на слика и отстранлив екран за далечинско управување.








