Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на 2 јули годинава треба да се јави во затворот во Шутка на издржување на едногодишната казна затвор, информираа денеска од Основниот кривичен суд. Оттаму велат дека на Јакимовски денеска му бил издаден упатниот акт.
„Судија за извршување на санкции од Кривичниот суд Скопје, на осудениот С. Ј. му издаде упатен акт за издржување на едногодишната казна затвор и истиот е упатен да се јави во затвор ’Скопје’ на 2 јули 2026 година“, информираат од Кривичен.
Ова следува откако Апелацискиот суд ја потврди едногодишната затворска казна за Јакимовски, во предметот поврзан со изградбата на општинската зграда во Карпош.








