домаТехнологијаКрајот на SEO ерата: Репутацијата на брендовите станува „машински читлива“

Крајот на SEO ерата: Репутацијата на брендовите станува „машински читлива“

- Advertisement -spot_img

Дигиталниот маркетинг и корпоративните комуникации се наоѓаат пред најголемата парадигматска промена од појавата на пребарувачите. Со подемот на вештачката интелигенција и големите јазични модели (LLM), традиционалната битка за првата страница на Google го губи своето примарно значење. Новата цел на бизнисите не е едноставно рангирање со линкови, туку обезбедување клучна позицијаво самите AI одговори.

Патувањето на потрошувачот веќе не е линеарно. Денес, пред да ја посетат официјалната веб-страница на некојбренд, корисниците на платформи како ChatGPT или Gemini бараат директни решенија – од оптимизација на бизнис процеси, до секојдневни одлуки како планирање патувања или споредба на производи според соодносот на цена и квалитет. Во овој нов екосистем, вештачката интелигенција дејствува како филтер што ги сумира информациите и ја обликува перцепцијата за брендот уште пред првиот клик на корисникот.

Затоа, корпоративната репутација се трансформира во „машински читлива“ категорија. Компаниите веќе не можат да се потпрат само на контрола на сопствениот наратив; тие мора да управуваат со начинот на кој AI системите ги интерпретираат нивните податоци. Иако технологијата носи брзина и масовност, луѓето се тие кои ја поставуваат стратешката насока. Интригантен е податокот дека дури 76% од содржините кои вештачката интелигенција ги користи и цитира во своите одговори потекнуваат токму од кредибилни ПР материјали и релевантни медиумски објави. Довербата, а не само видливоста, станува клучна валута.

Оваа реалност наметнува премин од класично SEO кон AI Engine Optimization (AIEO). Вештачката интелигенција не е само теоретски концепт, туку алатка што генерира мерлив деловен импакт. Податоците од првите „case study“ анализипокажуваат дека компаниите кои имплементираат напредна стратегија за AI видливост бележат раст на присуството во AI одговорите за над 130%, што во рок од шест месеци резултира со зголемување на онлајн продажбата за 210%. Новата клучна метрика за успех на пазарот станува AI Share of Voice.

Новата ера на дигитално работење наметнува и нов поим: дигитална доверливост. Ова претставува способност на компанијата да биде претставена онлајн на начин што е технички јасен за алгоритмите, но и репутациски силен за корисниците. Алгоритмите не работат со претпоставки, тукусо конкретни сигнали – доколку тие сигнали се слаби или неконзистентни низ различните дигитални канали, AI едноставно нема да ја вклучи компанијата во својатапочетна листа на препораки, без разлика на реалниот квалитет на производот или услугата.

Во вакви услови, најуспешни ќе бидат брендовите што ќе изградат силна дигитална репутација и доверба кај AI системите. Наместо корисникот сам да отвора десетици страници, AI системите сè повеќе ќе носат персонализирани препораки врз основа на релевантност, доверба, корисничко искуство и реални податоци.

Бизнисите кои меѓу првите ќе го совладаат кодот на AI видливоста ќе ја имаат стратешката предност да гидефинираат своите пазарни категории во следните тригодини. Оваа стратешка рамка беше премиерно претставенана ексклузивниот бизнис настан „Will AI Find Your Brand?“, кој во организација на АНК и Represent Communications Скопје се одржа во просториите на АНК СевернаМакедонија. Темата предизвика исклучително големинтерес и бурна дискусија кај компаниите членки на Македонско-германското стопанско здружение, кои во овиерешенија препознаа неопходен чекор за адаптација, свеснидека токму тука лежи иднината на пазарната конкурентност.

Вештачката интелигенција во овој момент учи оддигиталниот отисок што компаниите го оставаат зад себе – прашањето со кое се соочува секој менаџмент е што точноучат овие системи за нивната компанија денес?

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img