Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, вели дека во овие две години од формирањето на актуелната влада, нема ниту една спроведена политика за справување со кризата.
-За жал не гледам владини политики за справување со кризата, ниту за помош на економијата. Пуштено е стихијно да си тече, а тоа не се вика политика. Затоа некој може да тврди, еве да имавме опонент од другата страна, ќе прашав да ми каже една политика за овие две години која е спроведена – рече Битиќи на ТВ 21.








