домаМакедонијаАХВ по притисок за млечниот скандал ќе открие имиња дури идната недела

АХВ по притисок за млечниот скандал ќе открие имиња дури идната недела

- Advertisement -spot_img

Млечниот скандал добива ново продолжение, откако Агенцијата за храна и ветеринарство најави дека дури идната недела ќе ги објави имињата на млекарниците и операторите кај кои биле утврдени манипулации со декларациите, по силните реакции на јавноста дека граѓаните имаат право да знаат што купувале и од кого.

Директорот на АХВ, Оливер Миланов, изјави дека безбедната храна не е привилегија, туку основно право на секој граѓанин, но и покрај тоа не ги соопшти компаниите што биле предмет на јавна дебата по објавите дека продавале производи со намален квалитет и состав различен од декларираниот.

Според Миланов, станува збор за производи што се безбедни, но проблемот е во нивниот намален квалитет. Тој посочи дека се работи за 10 македонски компании, од кои две се занимаваат со увоз. АХВ најавува засилени контроли, кои овојпат нема да бидат насочени само кон маркетите, туку и кон производствените капацитети.

Претходно, Миланов во изјава за ТВ24 наведе дека АХВ во моментот не може да ги објави имињата поради законски ограничувања и страв од можни правни последици. Тој посочи на Законот за интелектуална сопственост, Законот за заштита на потрошувачите и други прописи поврзани со храната, објаснувајќи дека операторите би можеле да претрпат економски и финансиски последици, а агенцијата да се соочи со прекршочни и кривични тужби.

Токму ова објаснување ја отвори главната дилема во јавноста: дали институцијата што треба да ги штити потрошувачите прво се плаши од фирмите или од последиците за граѓаните кои купувале производи што не одговарале на декларацијата.

Анализите на млечните производи покажале сериозни отстапувања меѓу декларираниот и вистинскиот состав. Во дел од производите биле утврдени пониски проценти на млечна маст од наведените, а кај дел од производите било утврдено присуство на растителни масти во производи декларирани како млечни.

АХВ веќе изрекла одредени парични казни, но јавниот притисок не се намали. Граѓаните не бараат само информација дека некој е казнет, туку конкретни имиња, јасна одговорност и гаранција дека производите со спорен состав нема повторно да завршат на рафтовите.

Случајот дополнително ја отвора и темата за законската регулатива. Ако постојните правила ја спречуваат институцијата навреме да ги информира потрошувачите, тогаш проблемот не е само во млекарниците што манипулирале со декларациите, туку и во системот што ја одложува јавноста на информации од директен интерес за секој дом.

Идната недела ќе покаже дали АХВ навистина ќе ги објави имињата на производителите и операторите или млечниот скандал ќе остане уште еден пример во кој граѓаните дознаваат дека биле измамени, но предоцна дознаваат од кого.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img