На Фејсбук група „Заедно, за заштита на зеленилото во Карпош“ се појави објава во која се посочува дека суво дрво се скрши и оштети возило.
Скопјанка објаснува дека дрво на улицата Волгоградска имало обележано со црвена боја буква „С” за сечење скоро цела година, а можеби и повеќе, а другото до него, кое исто така стоело суво, се скршило и го оштетило возилото на нејзиниот сосед.
„Другото до него исто суво само се скрши и оштети кола на сосед до тој степен што возилото не е за употреба. Прашањето ми е каде да се реагира што службиве спијат? Дали ќе се чека да падне само од себе врз дете или повторно врз возило“, прашува скопјанката на Фејсбук.








