домаМакедонија„Макпетрол“ ги игнорира соработките со компании со албански сопственици, но ги преферира...

„Макпетрол“ ги игнорира соработките со компании со албански сопственици, но ги преферира албанските потрошувачи?

- Advertisement -spot_img

Скопје, 1 јуни, Журнал.мк – Бензинските пумпи на „Макпетрол“ функционираат на целата територија на Северна Македонија, вклучително и во населени места со доминантно албанско население. Тоа значи дека значителен дел од нивната клиентела ја сочинуваат албански потрошувачи. Сепак, последните сведоштва покажуваат дека компанијата не ги преферира соработките со компании кои имаат сопственици албанци, отфрлајќи ги без јасно образложение дури и во случаи кога првично покажала интерес за соработка. Сопственик на една домашна компанија со сопственик албанец, сведочи дека „Макпетрол“ најпрво прифатил можност за соработка, но неколку дена пред потпишувањето на договорот се повлекол без конкретна причина, пишува Журнал.

Макпетрол во потрага по албански потрошувачи, но без соработка со албански компании

Успешна домашна компанија со сопственик албанец, која побара да остане анонимна, до редакцијата достави докази за комуникацијата со „Макпетрол“. Во првиот контакт, „Макпетрол“ изразил интерес за соработка и побарал дополнителна документација од компанијата. Но, во последната комуникација, одлуката на „Макпетрол“ била дека нема потреба од нови соработки поради постоечки договорни односи.

Ова отвора дилеми: ако причината навистина биле постојните соработки, зошто тоа не било посочено уште на самиот почеток или во текот на комуникацијата? Процесот на преговори траел со месеци, со постојани дополнителни барања од страна на „Макпетрол“ кои компанијата ги исполнувала. Не изгледа рационално однесувањето на „Макпетрол“, од почетен интерес и „го подготвуваме Договорот за потпишување“ до конечно откажување за склопување на Договорот, и притоа причината да биде недостаток на простор за нова соработка поради веќе постоечки партнерства. Што го натерало „Макпетрол“ во финалната фаза да се премисли?

Макпетрол да не ги игнорира компаниите со албански сопственици бидејќи така ги оттурнува албанските потрошувачи

Недостатокот на соработка со албански компании создава ризична ситуација што може да доведе до поделба на клиентелата по етничка основа. Тоа е погрешен и штетен пристап, бидејќи не може да се очекува профит од албанскиот потрошувач, а истовремено без јасна причина да се игнорира соработка со албанските компании. Ваквото однесување ја поткопува довербата на потрошувачите и ја претвора трговската релација во нерамноправен однос, каде што едната страна се користи само како клиент, но не и како партнер.

Доколку „Макпетрол“ продолжи со ваква политика, ризикува да ги изгуби токму оние што во голема мера придонесуваат за неговото присуство на пазарот – албанските потрошувачи.

Случајот со „Макпетрол“ е симптом на поширок проблем поврзан со недостигот на почит кон економското партнерство со Албанците, иако тие претставуваат значителен дел од потрошувачите. Компанија која има амбиција за долгорочна одржливост не може да ја гради својата стратегија врз игнорирање на цела заедница од бизниси. Напротив, соработката со албански компании би претставувала гаранција за доверба, стабилност и долгорочен раст.

Да потсетиме, станува збор за сериозна албанска компанија која има домашни и регионални партнерства, а според сопственикот, ова е првпат преговорите за можна соработка да траат толку долго и на крајот да завршат со „студено“ и мошне нејасно одбивање за соработка.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img