Според ирански извори, Корпусот на Исламската револуционерна гарда ја нападна американската воздухопловна база „Али ал-Салам“ во Кувајт.
Кувајтската војска официјално потврди дека нејзините системи за воздушна одбрана активно пресретнуваат ракетни напади и напади со беспилотни летала.
„Генералштабот на армијата ја информира јавноста дека сите звуци од експлозии што се слушаат се резултат на работата на системите за воздушна одбрана и пресретнувањето на непријателските напади“, се вели во официјалното соопштение.
Државната новинска агенција Куна објави дека сирените за воздушен напад одекнуваат низ целата држава во Персискиот Залив. Кувајт исто така објави и дека дел од авионите над неговто него се преусперени.








