домаМакедонијаЌе има казни за препишувачите на полагањето државна матура

Ќе има казни за препишувачите на полагањето државна матура

- Advertisement -spot_img

Наредната сабота стартува полагањето на државната матура. Матурантите ќе треба да изберат дали ќе полагаат странски јазик или математика. Годинава новина е што се воведуваат три вида матура. Учениците од гимназиите ќе полагаат државна матура, додека средношколците од стручните и уметничките училишта ќе можат да изберат помеѓу државна, стручна или уметничка матура, според програмата што ја изучувале во текот на образованието.

Директорката на Државниот испитен центар, Даниела Јовчевска Михајловска, вели дека тестовите за сите видови матура се веќе подготвени. Поради најавените високи температури, годинава полагањето ќе започне во 9 часот, наместо во 10 како претходно.

„Полагањето оваа година исто како и минатата ќе се одвива на високо образовните институции, поточно на факултетите, тоа е за оние училишта кои се изјасниле дека немаат соодветни просторни можности. Додека пак оние училишта кои што имаат простории полагањето ќе се одржи во холовите или спортските сали“ – вели директорката на државниот испитен центар, Даниела Јовчевска – Михајловска.

За време на полагањето ќе биде строго забрането користење мобилни телефони и други електронски уреди. Учениците ќе мора да ги остават пред почетокот на испитот, а од Државниот испитен центар предупредуваат дека секој обид за препишување ќе биде казнет.

„Секое користење на уред ќе биде санкционирано и затоа учениците треба да ги почитуваат правилата“ – додава Јовчевска – Михајловска

Годинава државна матура ќе полагаат вкупно 14.587 кандидати. Над 12 илјади се пријавени за државна матура, повеќе од две илјади за државна стручна матура, додека 127 кандидати ќе полагаат државна уметничка матура.

Мерките за контрола се засилени по случаите од изминатите години, кога беа откриени ученици кои препишувале преку вибер групи. Во јавноста особено одекна случајот со група од околу седум илјади средношколци, формирана пред полагањето по англиски јазик.

По овие случувања беше воведено правилото испитите да се полагаат во големи простории и без мобилни телефони.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img