домаМакедонијаЗаврши 4. Форум за културна дипломатија Скопје 2026

Заврши 4. Форум за културна дипломатија Скопје 2026

- Advertisement -spot_img

Скопје изминатите два дена беше домаќин на 4. Форум за културна дипломатија – Скопје 2026, што годинава се одржа на тема „Од крстопати кон поврзувања: Културната дипломатија и иднината на глобалниот дијалог“, со учество на дипломати, политичари, експерти, уметници и јавни личности од Македонија, САД, Германија, Франција, Унгарија, Словенија, Хрватска, Србија и Црна Гора.

Настанот беше во организација на Кабинетот на поранешниот претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите (ICAC) и Институтот за културна дипломатија од Берлин, со поддршка на Министерството за култура и туризам, како и на државните институции вклучени во програмата на Форумот.

Во рамки на свеченото отворање во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија се одржа воведна сесија и панел-дискусија на тема „250 години подоцна: Демократијата, културната моќ и значењето на глобалниот дијалог во свет во промени“.

По повод 250 години од основањето на Соединетите Американски Држави, дискусијата беше посветена на улогата на демократијата, културната дипломатија и глобалниот дијалог во градењето доверба, соработка и стабилност во време на забрзани геополитички промени.

На отворањето се обратија Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија, Никол Варнес, вршител на должност амбасадор во Амбасадата на САД, поранешниот претседател Ѓорге Иванов, Марк Донфрид, директор на Институтот за културна дипломатија и Дуке Бојаџиев, македонски композитор, музички продуцент и пијанист. Воведни зборови имаше Иван Иванов, претседател на Извршниот одбор на Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите (ICAC), а модератор на сесијата беше Васко Наумовски, поранешен македонски амбасадор во САД.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img