домаМакедонијаВладата ги намалува царинските стапки за 70 производи и ги усогласува со...

Владата ги намалува царинските стапки за 70 производи и ги усогласува со тарифите на ЕУ

- Advertisement -spot_img

Владата денеска на седница го усвои Предлог-законот за изменување на Законот за Царинска тарифа, со кој се предвидува дополнително намалување на царинските стапки и нивно целосно усогласување со тарифите што важат во Европската Унија за истите стоки.

Овие измени претставуваат продолжение на минатогодишниот циклус на намалувања, кој стапи на сила на 1 јули 2025 година, кога царинските стапки беа намалени до 50 проценти од нивото што се применува во ЕУ.

Со новите решенија се опфатени суровини, репроматеријали и компоненти што ги користи домашната индустрија во производствени процеси за изработка на финални производи, со цел зајакнување на извозната конкурентност на македонските компании.

Од Владата посочуваат дека со оваа мерка се спроведуваат стратешките определби од Програмата за работа 2024–2028 година, насочени кон постепена хармонизација на царинските политики со Европската Унија, прилагодени на потребите на домашната економија.

Измените се изработени во консултација со Стопанската комора на Република Северна Македонија и се дел од пошироката политика за поддршка на бизнис заедницата и унапредување на конкурентноста на преработувачката индустрија.

Со новиот предлог се предвидува усогласување на дел од царинските стапки со ЕУ-стандардите, при што се имаат предвид и правилата на Светската трговска организација.

Според проценките, мерката ќе има позитивен ефект врз автомобилската, металопреработувачката индустрија и металургијата, како и врз зголемувањето на извозот, девизниот прилив, инвестициите и вработувањата.

Со намалување на царините за 70 производи се очекува долгорочно позитивно влијание врз индустриското производство и економскиот раст на државата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img