домаМакедонијаПочна судењето за апелациониот судија Ѓоко Ристов за случајот со сокриените 350.000...

Почна судењето за апелациониот судија Ѓоко Ристов за случајот со сокриените 350.000 евра во ѕид

- Advertisement -spot_img

Судскиот процес против апелациониот судија Ѓоко Ристов денеска и официјално започна во Кривичниот суд, каде обвинителството и одбраната ги судрија ставовите околу случајот со стотиците илјади евра откриени во тајно скривалиште во семејна куќа во Неготино.

Во фокусот на обвинението се 350.000 евра, кои според истражните органи биле сокриени во шуплини зад ѕидови, плочки и кујнски елементи. Обвинителството тврди дека станува збор за нелегално стекнат имот што никогаш не бил пријавен, додека одбраната оценува дека процесот се темели на претпоставки без цврсти докази.

Рочиштето го отвори судијката Билјана Коцевска од Одделот за гонење организиран криминал, по што обвинителката Искра Хаџи Василева ги претстави клучните тези на обвинението. Таа нагласи дека Ристов, како судија во Апелациониот суд Скопје, свесно давал неточни податоци за својот имот и прикривал средства кои, според обвинителството, не можат да се оправдаат со неговите официјални приходи.

Според обвинителката, откриените пари претставуваат износ еднаков на околу 450 просечни плати, а начинот на кој биле сокриени укажува на намера за нивно прикривање. Таа потенцираше дека обвинителството ќе се обиде да докаже и кривично дело перење пари, бидејќи, како што рече, нема легална основа за потеклото на средствата.

Дополнително, обвинението се однесува и на непријавен стан во скопската населба Карпош, каде Ристов претходно издржувал мерка куќен притвор.

Откако судот му даде можност да се изјасни, Ристов кратко изјави дека не чувствува вина за ниту едно од делата што му се ставаат на товар.

Неговиот адвокат, Ѕвонко Давидовиќ, жестоко го оспори обвинението, наведувајќи дека истрагата е изградена врз медиумска атмосфера, а не врз факти. Според него, не постои директен доказ што го поврзува судијата со кривичните дела за кои се товари.

Одбраната тврди дека средствата имаат легално потекло и дека прикажувањето на случајот во јавноста создало погрешна слика уште пред почетокот на судењето.

Ристов, во своето обраќање пред судот, исто така оцени дека обвинението за перење пари е правно неиздржано и дека доказите презентирани од обвинителството немаат доволна основа.

Случајот привлече големо внимание уште во фазата на истрагата, особено по информациите дека куќата во Неготино била претресувана во повеќе наврати, сè додека истражителите не го откриле тајниот простор во ѕидот со скриените пари.

Како еден од клучните моменти во истрагата се посочува и апсењето на адвокатот Фехмо Стафа, кој беше фатен при примање 50.000 евра. Според досегашните информации, во својот исказ тој навел дека парите биле наменети за влијание врз апелационен судија.

Обвинителството тврди дека во периодот од 2020 година па наваму Ристов систематски прикривал имот што значително ги надминува неговите законски примања, додека одбраната најавува дека во текот на постапката ќе докажува оти целиот предмет е конструиран без цврста доказна поткрепа.

Судењето продолжува со изведување докази и сослушување сведоци во наредниот период.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img