Полициски службеници од ОВР Дебар синоќа ја лишиле од слобода 40-годишната С.Р. од дебарско село.
Таа била уапсена затоа што претходно во полициска станица лажно пријавила семејно насилство по член 366 од Кривичниот законик, односно лажно пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
По целосно документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.








