домаМакедонијаСтојаноски: Новото задолжување е за враќање стари долгови и капитални инвестиции

Стојаноски: Новото задолжување е за враќање стари долгови и капитални инвестиции

- Advertisement -spot_img

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, во емисијата „Директно“ изјави дека новото задолжување од 260 милиони евра е неопходно поради обврските што државата треба да ги сервисира во наредните години, обвинувајќи ја претходната власт за создавање на долговите.

„Во наредните две години ние како држава треба да вратиме 6 милијарди евра стари долгови, а од 2026 до 2030 година треба да вратиме 9 милијарди евра долгови кои се земени од претходната влада“, рече Стојаноски.

Тој посочи дека дел од средствата ќе бидат искористени за отплата на еврообврзницата земена во 2020 година, но и за капитални инвестиции.

„Поголем дел од овој заем ќе биде за потпирање и враќање на стариот долг. Во јуни треба да ја исплатиме втората транша од Еврообврзницата од 700 милиони евра која е земена во 2020 година, а дел од средствата ќе одат и за финансирање на капиталните инвестиции“, истакна Стојаноски.

Тој ги отфрли обвинувањата за нетранспарентност, наведувајќи дека и претходно задолжувањата се носеле по скратена постапка.

„Од 2020 до 2024 година се пристигнати 28 закони за задолжување и сите се пристигнати во скратена постапка. Овој закон не може да е нетранспарентен“, додаде Стојаноски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img