домаМакедонијаЦентарот за култура во Тетово во амортизирана состојба – делумни реновирања, постојани...

Центарот за култура во Тетово во амортизирана состојба – делумни реновирања, постојани проблеми во објектот

- Advertisement -spot_img

Еден дел од завесите во големата сала на Центарот за култура во Тетово не се функционални и моментално се надвор од употреба. Според надлежните во институцијата, нивната употреба може да претставува ризик за актерите и учесниците на сцената, поради амортизираната состојба на системот.

Директорката на Центарот за култура, Њомза Исмаили, вели дека проблемот е поврзан со староста на објектот и недостатокот на лиценцирани компании во Македонија кои би можеле да интервенираат за нивна поправка. Таа додава дека институцијата е во очекување на интервенција од Министерството за култура за пронаоѓање специјализирана компанија, со цел завесите повторно да бидат ставени во функција и салата целосно да се користи за културни активности.

„Постои еден дел во салата што нè загрижува уште од денот кога дојдов јас како директорка, но и претходните раководители, а кој бара многу потешка процедура бидејќи ниту една фирма во Република Македонија не ги исполнува условите за интервенција во тој рачен систем што го поседува нашата сала. Сега сме во координација со Министерството за култура, можеби тие како министерство ќе најдат фирма од странство која ги поседува сите лиценци за да ги изврши потребните интервенции во Домот на културата. Станува збор за деловите каде што висат завесите, што претставува и опасност. А ние, за да ги избегнеме ризиците, ги ставивме надвор од функција деловите за кои постои сомневање дека може да предизвикаат евентуална несреќа.“, вели Њомза Исмаили

Покривот на Центарот за култура во Тетово е поправан во две фази, при што еден дел од работите бил реализиран од претходното раководство на институцијата, а другиот дел од сегашната директорка Њомза Исмаили. Сепак, според информациите од институцијата, последните врнежи од дожд предизвикале оштетувања во еден дел од објектот, повторно враќајќи ги проблемите во неколку сектори на културната зграда.

„Еден дел беше среден од претходното раководство, односно беше поправена куполата на Домот на културата, каде што во салата имаше протекување на дождовница, што сега веќе не постои, тоа беше поправено порано. Со моето доаѓање имавме уште три интервенции на страничните делови од покривот, каде што повторно имаше случаи на протекување. Сега мислиме дека до некаде сме чисти од тој проблем, но протекувањата од дождот ни предизвикаа други оштетувања, кои повторно бараат интервенции. Како што е делот од горниот хол каде што има тепих, кој од дождот е веќе амортизиран и треба да интервенираме. Побаравме понуди од неколку фирми и размислуваме тој дел да се постави со поцврст и поиздржлив материјал за да трае повеќе години.“, вели Њомза Исмаили.

Во Центарот за култура во Тетово функционираат неколку институции, меѓу кои Градската библиотека и Тетовскиот театар. Во овој објект се сместени и културно-уметнички друштва.Зградата на Центарот за култура почнала да се гради во 1973 година, а била пуштена во употреба во 1975 година.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img