домаМакедонијаМанасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој...

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

- Advertisement -spot_img

Венко Филипче преку Рубин Земон е во директна соработка со Виктор Стојанов, кој е прогласен за персона нон грата во Македонија поради неговите антимакедонски ставови, обвини денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.

„Филипче е соработник со Виктор Стојанов, кој се залага за промоција на бугарскиот идентитет, историја и култура во Македонија. Неговите јавни настапи се насочени кон негирање на македонскиот јазик и националната посебност, промовирајќи ја тезата дека Македонците и Бугарите се еден ист народ“, рече Манасиевски.

Тој додаде дека Стојанов, поради, како што рече, „ксенофобичните односи“, бил означен како закана за националната безбедност и му е забранет влез во државата.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека Филипче соработува со човек кој „ја негира Македонија, македонскиот идентитет, јазикот, културата и историјата“, како и дека е „директен соработник на Бугарија во Македонија“.

Манасиевски истакна и дека Филипче е „единствениот кој бара внесување на Бугарите во Уставот без гаранции дека тоа е последниот чекор за влез во Европската Унија“.

„Венко Филипче со ваквиот однос кон Македонија си ја запечатува својата политичка кариера“, порача Манасиевски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img