Празни улици и тивки маала, се поретко се слуша детска смеа како некогаш. Денешните деца и млади поминуваат премногу време на телефоните, истакнуваат анкетираните граѓани. Според нив, наместо децата времето да го поминуваат во игра и дружење, се почесто се гледаат како седат со часови пред екрани. Дел од нив сметаат дека телефонот е корисен само во одредени ситуации, но прекумерната употреба штети. Постарите генерации велат дека порано имало повеќе движење, игра и вистинска детска радост, за разлика од денешната зависност од технологија.
Постарите генерации се сеќаваат дека порано имало повеќе игра, дружење и весела детска енергија. Ист така тие предупредуваат дека прекумерното користење на телефоните може да влијае и на расположението и здравјето.
„Младите се постојано на телефоните, каде и да одиш гледам, на кафе сите се на телефоните. Јас сум постара и сме си играле, бевме повесели, посреќни, за разлика сега децата со телефоните, јаа гледам по мене, кога повеќе време сум на телефонот почнува да ме фаќа нервоза, треперење.“, велат анкетираните
Штипјани велат дека додека времето полека минува, останува прашањето дали технологијата ни ги приближи луѓето или тивко не оддалечи едни од други.








