домаСветММФ предупредува дека јавниот долг на ЕУ може да „експлодира“

ММФ предупредува дека јавниот долг на ЕУ може да „експлодира“

- Advertisement -spot_img

Траекторијата на јавниот долг на Европската Унија(EУ) би можела да „експлодира“, што би предизвикало штета на економијата, доколку не се преземат мерки за решавање на фискалните притисоци, им порача денеска Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) на министрите за финансии на ЕУ.

„Доколку не се контролира, јавниот долг ќе се најде на неодржлива патека. Со непроменети политики, долгот на просечната европска земја би достигнал 130 проценти од бруто домашниот производ (БДП) до 2040 година, што е речиси двојно повеќе од денес“, наведува ММФ во документ презентиран на министрите за финансии за време на неформалниот состанок во Никозија, Кипар.

Во исто време, фондот предупреди дека владите на ЕУ ќе се соочат со зголемен притисок врз трошењето за одбрана, енергија и пензии во следните 15 години.

ЕУ треба да ги интегрира и своите енергетски пазари, да им олесни на граѓаните нивните заштеди да се пренасочат низ целиот блок во профитабилни инвестиции и да ги обедини законите кои сега често се разликуваат од земја до земја.

Заедничкиот долг е многу контроверзно прашање во ЕУ, каде што некои земји како Шпанија, Италија или Франција се за, но други, како Германија и неколку северноевропски земји, силно се спротивставуваат на идејата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img