Синот на поранешниот претседател на Македонија, Стево Пендаровски, Огнен Пендаровски, е добитник на признание за најдобро дипломиран студент на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Информацијата беше споделена преку објава на Факултет за електротехника и информациски технологии по повод свеченостите за 77-годишнината од основањето на УКИМ и одбележувањето на 24 Мај – Денот на светите Кирил и Методиј.
„Со особена чест и задоволство, добитник на признанието од ФЕИТ е нашиот колега Огнен Пендаровски“, соопштија од факултетот, упатувајќи му честитки за успехот и желби за понатамошни професионални и лични достигнувања.
Наградите беа доделени на најдобрите дипломирани студенти за академската 2024/2025 година.








