домаМакедонијаСредба Хоџа – Ортиз: Продолжува успешната соработка со Шпанија во областа на...

Средба Хоџа – Ортиз: Продолжува успешната соработка со Шпанија во областа на животната средина

- Advertisement -spot_img

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, вчера оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаело Сориано Ортиз, на која се разговараше за напредокот и имплементацијата на клучните тековни проекти за заштита на животната средина.

На средбата беше истакната поддршката од Кралството Шпанија за евроинтеграцискиот процес, особено во усогласувањето на националното законодавство со стандардите на ЕУ и зајакнувањето на институционалните капацитети во секторот животна средина. Добрата билатерална соработка меѓу двете земји се одразува и преку реализацијата на повеќе проекти поддржани преку ИПА програмата, а во кои учествуваат шпански институции и компании.

Соговорниците ја нагласија заедничката определба за понатамошно унапредување на партнерството и размена на искуства и добри практики, како значаен придонес во спроведувањето на реформите и усогласувањето со европските стандарди во областа на животната средина.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img