Кубанскиот министер за надворешни работи Бруно Родригез го обвини американскиот државен секретар Марко Рубио за провоцирање воена агресија против Куба и лажно претставување на таа земја како држава спонзор на тероризмот.
„Државниот секретар на САД повторно лаже за да поттикне воена агресија што би довело до пролевање кубанска и американска крв“, рече Родригез, според Ројтерс.
Тој рече дека Куба не претставува никаква закана за безбедноста на Соединетите Американски Држави и го обвини Вашингтон дека намерно се обидува да предизвика економски колапс и социјален хаос на островот.
Порано во четвртокот, Рубио оцени дека Куба „долго време е закана за националната безбедност на САД“, тврдејќи дека на островот се наоѓаат руски и кинески разузнавачки структури.








