домаМакедонијаЧетворица загинати во страотна сообраќајна несреќа на скопската обиколница

Четворица загинати во страотна сообраќајна несреќа на скопската обиколница

- Advertisement -spot_img

Четири лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што синоќа се случи на скопската обиколница, во близина на Радишани, кога патничко возило „БМВ“ директно се судрило со камион, по што автомобилот се запалил.

Несреќата се случила околу половина час пред полноќ. На местото веднаш интервенирале екипи на полицијата, противпожарната служба и Итната медицинска помош, но според првичните информации, за патниците во автомобилот немало спас. Од силината на ударот, возилото целосно изгорело.

Според информациите што ги објавија дел од медиумите, можно е до трагедијата да дошло откако камионот со косовски регистарски таблички преминал на спротивната коловозна лента. Неофицијално, се претпоставува дека возачот на товарното возило можеби изгубил свест поради замор непосредно пред судирот.

Од Министерството за внатрешни работи засега нема официјална потврда за идентитетот на загинатите. Не е познато дали станува збор за семејство или група млади лица, а според првичните информации не се исклучува можноста меѓу жртвите да има и деца.

Во текот на ноќта бил извршен увид на местото на несреќата, а повеќе детали се очекуваат во текот на денот. По неколку часа, патот е пуштен за сообраќај.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img