домаМакедонијаСопругот чиј пиштол бил покрај телото, кажал дека жената се убила при...

Сопругот чиј пиштол бил покрај телото, кажал дека жената се убила при расправија

- Advertisement -spot_img

Обвинителството истражува дали во скопско Копаница се случило убиство или самоубиство, откако покрај телото на 37 годишна жена со потекло од Косово, бил пронајден пиштолот на нејзиниот сопруг. Жената имала прострелна рана во главата, а телото е предадено на Институтот за судска медицина каде треба да се утврди дали сама си пукала или тоа го сторил некој друг.

Сопругот е приведен бидејќи пиштолот со кој е усмртена жената го поседувал нелегално. Според изјавата што ја дал во полициска станица, двајцата претходно се расправале, по што таа се самоубила пукајќи си во главата.

– На 19.05.2026 во с. Копаница, скопско, постапувајќи по претходна пријава, полициски службеници од СВР Скопје ја пронајдоа почината Х.Р.Ј. (37) од Косово, со прострелна рана во главата, а покрај телото е пронајден пиштол „глог19“, сопственост на нејзиниот сопруг Д.Ј.(42) од с.Копаница, кој го поседувал без дозвола. Според исказот на Д.Ј., истиот ден околу 10:00 часот, во семејниот дом настанала расправија меѓу него и неговата сопруга Х.Р.Ј., по што, според негово кажување, таа извршила самоубиство, велат од МВР за весникот Вечер.

Пиштолот со кој е усмртена жената е од марката „глог19“ и за поседување без дозвола против сопругот е поднесена кривична пријава, велат од МВР.

Од Обвинителството велат дека работат на расчистување на случајот.

-Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот и притворската мерка е прифатена од Судот. Во меѓувреме, ОЈО Скопје и СВР Скопје продолжуваат да постапуваат за целосно испитување на настанот, соопштуваат од ОЈО Скопје. (П.А.)

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img