домаМакедонијаФилипче: Го повикувам Мицкоски заедно да ги донесеме уставните измени!

Филипче: Го повикувам Мицкоски заедно да ги донесеме уставните измени!

- Advertisement -spot_img

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска испрати порака до премиерот Христијан Мицкоски, од кого побара заедно да ги донесат уставните измени.

-Сметам дека се наоѓаме во едно многу критично време и многу важен момент во кој треба да се донесат многу сериозни одлуки. Зошто сметам дека моментот е многу важен? Кај нас, за неколку дена, односно за нешто помалку од две недели, во посета доаѓа претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Антонио Кошта пред точно една година, кога беше тука, кажа дека за членство во Европската Унија има само план А и нема план Б. Оттогаш работите не се променети, рече денеска Филипче.

Тој посочи дека постои волја во Европската Унија, после повеќе од 15 години, повторно да се активира проширувањето.

-Проширувањето е еден од приоритетите, заедно со помошта за Украина од 90 милијарди евра, која се ослободи сега со смената на власта во Унгарија, како и ставот кон развојот на вештачката интелигенција.
Како тоа го гледаме? Веќе е формирана комисија која работи на креирање и пишување на пристапниот договор на Црна Гора со Европската Унија. Понатаму, гледаме дека сериозен напредок, освен Црна Гора, има и Албанија, рече лидерот на СДСМ.

Филипче посочи и дека имал одличен состанок со господинот Дробњак.

-Само две земји не се влезени во Европската Унија како дел од пакет, а тоа се Хрватска и Грција. Што значи дека, со сите геополитички случувања, кога се разговара за решение за Молдавија и тоа дали ќе биде во контекст на Романија или не, и за Украина, тоа е уште една потврда дека проширувањето е високо на приоритетната листа на Европската Унија. Доколку не се качиме на овој воз, можно е вратите со децении понатаму да бидат затворени, вели тој.

Филипче вели и дека кога веќе се разговара за буџетите во Европската Унија, можно е да не бидеме земени предвид, и нема да бидеме земени предвид ако не ги направиме потребните чекори.

-И во следните седумгодишни буџетски рамки нас ќе нè нема. Понатаму, еве гледаме дека и Исланд планира со референдум повторно да го актуализира прашањето за членство во Европската Унија. Оваа геополитичка ситуација, која се промени со војната во Украина, со војната на Блискиот Исток, со тоа како Европската Унија повторно го врати проширувањето од геостратешки и геополитички аспект на врвот на листата на приоритети, е само уште еден силен индикатор дека ние овој момент треба да го искористиме. Сакам да упатам повик. Често има повици, сега следиме во јавноста, и сакам да го кажам следното: Го повикувам Христијан Мицкоски и власта заеднички да ги направиме уставните измени. Притоа, ќе ја споделиме одговорноста за тој чин, ние како коалиција предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
Истовремено, имајќи предвид дека, како што била праксата во сите земји — Хрватска, Бугарија и понатаму — кога траеле преговорите, сите партии работеле заедно, сакам да знае дека ја споделуваме одговорноста за било што, што понатаму ќе се случува во текот на преговорите.
Иако сум прилично сигурен дека нема да се случи нешто што ќе задира во нашиот идентитет, јазик, култура и така натаму, сепак ја споделуваме одговорноста и заеднички учествуваме во целиот процес на водење на преговорите, вели Филипче.

Тој апелира да не го пропуштиме моментот.

-Ќе останеме настрана, нема да имаме шанса, нема да можеме да преживееме. Нема да имаме пари од каде да земеме, ќе тонеме во сиромаштија, а младите ќе заминуваат од земјата. Упатувам јавен повик да го направиме чекорот. Да ја споделиме сите заеднички одговорноста, вели Филипче.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img