домаМакедонијаМарихуана криена во тегли „нутела“ на Дојран, запленети околу 10 килограми марихуана

Марихуана криена во тегли „нутела“ на Дојран, запленети околу 10 килограми марихуана

- Advertisement -spot_img

На граничниот премин Дојран, според неофицијални информации, е спречен обид за шверц на околу 10 килограми марихуана, сокриена во пластични пакувања со прехранбени намази, меѓу кои и пакувања налик на „нутела“.

Дрогата, според првичните информации, била спакувана во околу 50 пластични кутии за да не предизвика сомнеж при граничната контрола. Осомничени македонски државјани со рент-а-кар возило наводно се обиделе да ја пренесат марихуаната од Македонија кон Грција.

Случајот се третира како уште еден обид за прекуграничен шверц со прикривање на дрога во секојдневни производи. Од безбедносни извори се посочува дека криминалните групи сè почесто користат вакви методи, но и дека контролите на граничните премини се засилени.

Повеќе детали за заплената се очекуваат денеска, кога директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, треба да одржи прес-конференција во 11 часот. Според најавите, станува збор за заплена од големи размери.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img