Жителите на повеќе населби во Општина Ѓорче Петров денеска ќе останат без вода поради сериозен дефект на водоводната мрежа на улицата „Лука Геров“. Како што информираат од РЦУК – Скопје, станува збор за оштетување на цевковод Ф-400 кај број 38, поради што е неопходен итен зафат на терен.
Без водоснабдување од утринските часови ќе бидат корисниците во Даме Груев, Ново Село, Волково, Стопански Двор, Кисела Јабука, Орман и Никиштани.
Прекинот започна во 8:30 часот, а надлежните најавуваат дека водата ќе биде пуштена веднаш по завршувањето на санацијата и нормализирањето на системот. Екипите се веќе на терен и работат на отстранување на дефектот.








