домаМакедонијаСерафимовски: Цените на становите растат бидејќи побарувачката е поголема од понудата

Серафимовски: Цените на становите растат бидејќи побарувачката е поголема од понудата

- Advertisement -spot_img

Продажбите и закупите на станови се намалени во првиот квартал од годинава споредено со последниот квартал од 2025 година, но според претседателот на Здружението за градежништво во Стопанската комора на Македонија, Андреја Серафимовски, е прерано да се носат заклучоци за идното движење на цените на недвижностите.

Во гостување во „Топ Тема“ , Серафимовски оцени дека период од три месеци не е доволен за да се прогнозира дали цените ќе продолжат да растат или ќе се стабилизираат.

„Краток е периодот од три месеци во кој ние можеме да заклучиме или да дадеме било каква насока за тоа како ќе се движи оваа година или во наредниот период цената на становите, каков ќе биде амбиентот и кои се цените кои ќе достигнат максимум. Се работи за три месеци, а ние имаме тренд од пет години на зголемување на цените на становите. Период од три месеци спореден со квартал кој не е ист по години не ни дава никаква слика, ниту пак мене ми дава заклучок дека нешто можеме да третираме и прогнозираме“, изјави Серафимовски.

Тој посочи дека главниот фактор за растот на цените и понатаму е односот меѓу понудата и побарувачката, нагласувајќи дека во изминатиот период интересот за купување бил значително поголем од бројот на достапни станови.

„Во пазарна економија примарно е односот меѓу понудата и побарувачката. Досега, до последниот квартал, имавме многу поголема побарувачка од понуда, па затоа цените на становите ги достигнуваа максимумите. Населението бараше да купи повеќе станови, а во општините каде што имаше најголема побарувачка, едноставно немаше доволно станови на пазарот“, рече Серафимовски.

Осврнувајќи се на дилемите дали цените на недвижностите се реални, тој направи споредба со цените во регионот, посочувајќи дека квадрат во Белград и Софија достигнува и до 10 илјади евра, додека цените во Ниш се слични на оние во Скопје.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img